Хамилтон: Се чувствувам одлично во Ферари

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, рече дека по помалку успешната минатата сезона, е задоволен од тоа како тој и тимот се прилагодиле на заедничката работа.
– Се чувствувам многу добро. Потребно беше многу време мене и на тимот да го пронајдеме вистинскиот баланс на двете страни, а минатата сезона беше тешка со оглед на тоа што престанавме да работиме на автомобилот.
Направивме многу промени и внатрешно и во нашите фабрички операции. И никогаш не сме работеле толку ефикасно како сега, истакна Хамилтон.
Британецот има освоено рекордни седум титули во Светското првенство во Формула 1, исто колку и Михаел Шумахер.
Во тековната сезона, Хамилтон со 51 освоен бод се наоѓа на делба на четвртата позиција во поредокот за возачи. Лидер е Кими Андреа Антонели со 100 бода.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
