Хакерска група тврди дека има медицински картони на илјадници агенти на ФБИ

Кибер-криминалците, кои претходно оваа недела објавија дека го хакирале Федералното истражно биро (ФБИ) на САД, тврдат дека добиле исклучително чувствителни медицински податоци од илјадници нивни специјални агенти, вклучувајќи ги и резултатите од тестовите за крв и урина, јави Би-Би-Си.
Медиумот виделе примероци од украдени медицински извештаи за „подготвеност за работа“, што содржат информации како што се резултати од тестови за крв и урина, како и лекарски белешки во кои се споменуваат состојби како што се „алергија на школки и банани“.
Досието ги содржи целосните имиња и адреси на агентите, како и детали за здравствени проблеми, вклучувајќи „крв во урината“ и „висок холестерол“. Експертите велат дека хакерскиот напад, кој го истражува ФБИ, би можел да ги изложи агентите на измама, уцена и целни напади, како и да им овозможи на криминалците да се претставуваат како органи за спроведување на законот.
ФБИ не одговори на барањата за коментар, но во средата потврдија дека системот е пробиен и дека активно истражуваат како се случило тоа.
МИА
Ново на Сител
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
