Гутереш: ОН мобилизира резерви и персонал за да им помогне на погодените од поплавите во Непал

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека ОН и хуманитарните партнери мобилизираат резерви и персонал за да им пружат поддршка на заедниците погодени од поплавите во Непал.
„Жал ми е за тешките поплави во Непал и Кина, кои однесоа многу животи и предизвикаа големи разурнувања. ОН и хуманитарните партнери мобилизираат резерви и персонал за да ги поддржат заедниците погодени од поплавите“, напиша Гутереш во објава на Х.
Како што истакна тој, во Непал ОН го поддржуваат одговорот што го предводи локалната влада.
„Изразувам сочувство до семејствата на жртвите и им посакувам брзо закрепнување на повредените. Мојата солидарност е со сите погодени“, заклучи Гутереш.
Повеќе од 1.000 луѓе се водат како исчезнати по поплавите во Непал и Тибет, меѓу кои има и голем број туристи, додека најмалку 165 лица загинаа. Американскиот геолошки завод соопшти дека свлечиштата и катастрофалните поплави во Непал биле предизвикани од огромен одрон кој генерирал сеизмичка енергија еднаква на земјотрес со магнитуда од 4,4 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
