Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми

Со тек на времето се оптоваруваат оските на возилото. Кај автомобилите со преден погон, кои се најзастапени на патиштата, предните гуми го поднесуваат најголемиот товар, управувајќи со него, сопираат и ја пренесуваат силата на моторот на коловозот. На тој начин доаѓа до значително побрзо трошење на предните од задните гуми. Ова директно ја загрозува безбедноста при возењето, пренесе магазиниот Феникс.
Според германскиот автомобилски клуб АДАЦ, се препорачува ротација на гумите за сите сезони по приближно 10.000 до 15.000 изминати километри.
„Возачите кои најчесто возат на кратки релации, низ град или управуваат со потешки возила, како што се електричните автомобили, треба почесто да ги проверуваат и ротираат гумите, советуваат од клубот, нагласувајќи дека начинот на ротација зависи од нивниот дизајн.
– Доколку се заменуваат само две гуми, а не сите четири, новите гуми секогаш треба да се монтираат на задната оска. Постарите гуми, доколку сè уште имаат доволна длабочина на шарата, се преместуваат на предната оска, препорачуваат експертите. Оваа практика е важна за одржување на стабилноста на возилото, велат тие, додавајќи дека сето тоа е важно за безбедноста при користење на возилото.
Освен ротација, потребна е проверка на притисокот на гумите еднаш месечно, особено пред подолги патувања. Неправилниот притисок не само што предизвикува побрзо и нерамномерно трошење на гумите, туку директно влијае и на сопирањето, како и на зголемена потрошувачка на гориво.
– Редовна проверка е потребна и на длабочината на шарата. Законскиот минимум во повеќето европски земји изнесува 1,6 милиметри, но целогодишните гуми, особено пред почетокот на зимската сезона треба да се заменат порано, препорачуваат експертите.
МИА
Ново на Сител
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
-

Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
-

Му се скршил ножот, па убиството на својата мајка го довршил со ножици – доживотен затвор за Петар Станковски
