Грав, грашок и соја е поздрава храна за вегетаријанците, отколку лабораториското месо и растителното млеко

Луѓето кои сакаат да се откажат од месо и млечни производи, би било подобро да се префрлат на мешунки, наместо вегетаријански хамбургери и растително млеко, според ново научно истражување на Универзитетот Оксфорд и Универзитетскиот колеџ во Лондон. Наодите се објавени во списанието „ПНАС“ (Proceedings of the National Academy of Sciences).
Научниците зеле предвид бројни фактори при проучувањето на 24 алтернативни намирници коишто се најчеста замена за месо и млеко, вклучувајќи го и нивното влијание врз здравјето и животната средина, како и трошоците. Откриено е дека природната растителна храна како грашок, соја и грав се најдобри во секој поглед.
За споредба, преработената храна, како што се вегетански хамбургери, тофу и темпех и млеко од растително потекло, се поврзуваат со помали придобивки за климата и повисоки трошоци во споредба со непреработената храна. Иако, како што истакнаа научниците, и оваа храна, сепак, е подобра од оние од животинско потекло.
На дното на листата се најде месото одгледано во лабораторија. Британските научници истакнуваат дека, со технологијата што се користи денес, производството на месо одгледувано во лабораторија и отпадните материи од тие процеси може да бидат исто толку високи и штетни како и, на пр., преработката на говедско. На прашањето: што се добива, научниците одговараат дека само цената поголема, а новото вештачко месо е скоро исто толку штетно за здравјето.
Истражувачите велат и дека одлуката да се замени месото и млекото во земјите со високи приходи со различни алтернативи на месо или млеко со иста количина калории може да ја намали прераната смрт до 5 – 6 отсто.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
