Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината.
На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина од која произлегуваат бројни млади, талентирани и успешни личности. Локалната самоуправа, како што беше наведено, останува посветена на нивната поддршка и промоција, особено во полето на културата и уметноста.
Во таа насока, во рамки на манифестацијата „Културно лето“ на Општина Кисела Вода, најавен е настап и на Никола Станишиќ, победник на „Ѕвездите на Гранд 2025“.
- Кисела Вода отсекогаш била дом на талентирани, вредни и успешни млади луѓе. Наша обврска како локална самоуправа е да ги препознаеме, поддржиме и да им овозможиме нивниот талент да биде видлив и ценет. Искрено му честитам на Бојан за огромниот успех и убедена сум дека ова е само почеток на една блескава музичка кариера - изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Гаши од Софија: Остануваме цврсто посветени на европските вредности
-

Тошковски: Миграциските предизвици бараат заеднички решенија, партнерство и конкретна поддршка
-

ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
-

Официјално претставување на ВЕЗИЛКА – Националната фабрика за вештачка интелигенција
-

АХВ добитник на втора награда за управување со квалитет во јавниот сектор на Министерството за јавна администрација
-

Девет пријави за семејно насилство за 24 часа во државата, четворица приведени
-

Нето платата во април 48.779 денари
-

Утре нестабилно време, сончев и топол викенд во најава
