Гостиварскиот градоначалник не чувствува морална одговорност, го суспендира раководството на ЈП „Комуналец“

Кризниот штаб е активиран и ќе има телефонски број на кој граѓаните може да се обратат за помош и снабдување со вода за пиење, се дел од мерките што Општина Гостивар ќе ги спроведува од денес. Ова го соопошти градоначалникот Ваљбон Лимани денеска на прес-конференција во Гостивар. Вонредна седница ќе има општинскиот Совет во попладневните часови.
- На мој предлог веќе е активиран кризниот штаб од нашата Општина и набргу ќе заседава и, секако, ќе дава и препораки, но и помош на сите граѓани што имаат потреба од тоа - рече Лимани.
Тој информира и дека за носење одлуки и мерки ќе се дискутира и на вонредната седница на Советот за да им се помогне граѓаните што имаат потреба и кои се затекнати од оваа ситуација.
- Општината ќе објави и официјален телефонски број, на кој граѓаните што не може да излезат да земат вода ќе се јават и со мобилни екипи ќе им се доставува до нивните домови - рече градоначалникот.
Тој напомна дека локалната самоуправа е во координација со сите релевантни институции и соработуваат, како што посочи, за да се дознае вистината.
- Со објавување на резултатите веднаш ќе почнеме со активности за дезинфекција и прочистување на водоводната мрежа и засилени контроли за да се обезбеди пристап до здрава вода што е можно побргу - рече градоначалникот Лимани.
На новинарско прашање за преземањето одговорност за настаната состојба, градоначалникот Лимани напомена дека не чувствува морална одговорност и дека како мерка ја суспендирал директорката на ЈП „Комуналец“, како и дел од раководството одговорно за водоводот.
- Во контакт сум со директорката на ЈП „Комуналец“ и со раководството. Тие моментно се суспендирани од функциите. Денес ги очекуваме резултатите и врз основа на тоа ќе постапиме. Не сакам никој однапред да ја преземе вината, но секако не сакам ниту како било да се попречи работата на надлежните органи. Јас не чувствувам морална одговорност затоа што јавното претпријатие е правно лице кое менаџира. Доколку беше поинаку, секако првата оставка ќе дојдеше од моја страна, рече Лимани.
Тој појасни дека проблемите со градскиот водовод имаа повеќе годишна историја, но тоа е главно како што рече со недостиг на вода и дека е од приоритети кои ги спроведува од преземањето на функцијата е новата водоводна линија на која веќе се работи.
Вонредната седница општинскиот совет е закажана за 15.00 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Киев на разговори за прекин на војната
-

19-годишна девојка го пријавила поранешниот партнер, ја нападнал во нејзиниот дом и ѝ одзел пари
-

70-годишник измамен за 720.000 денари, маж му барал пари за наводно лекување на својот син во странство
-

69-годишен пешак тешко повреден откако во него удрил автомобил во Струмица
-

Кумановка пријавила дека била нападната од синот и снаата
-

Владата: Акцијата против осомничениот за поткуп е дел од заложбите за бескомпромисна борба против корупцијата
-

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
