Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл додека се движел по шумски пат. Случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.
- Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Тој потврди дека за настанот е известен јавен обвинител. На местото на несреќата екипа од ОВР Гостивар извршила увид за да се утврдат поединости и околностите кои довеле до неа.
МИА
Ново на Сител
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
