Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице

Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола. По битката со огнените јазици што траеше во текот на ноќта, уапсен е 76-годишен маж за предизвикувањ ена пожарот, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, за државната телевизија ЕРТ рече дека се фокусирани на гаснење на пожарот на фабрика за рециклирање, од која се издига густ чад, а поради правецот на ветерот, чадот се шири кон Солун.
Додаде дека „сите останати фронтови се ставени под контрола“.
Според противпожарната служба на Грција, во пожарот што избувна околу 20.30 часот, интервенираа и продолжуваат да интервенираат 160 пожарникари со пет пешадиски тима и 52 возила, помагаат голем број волонтери и цистерни од периферијата, додека пак од раните утрински часови од воздух се гасне со два авиони и два хеликоптери.
Од бројот 112 за итни случаи во текот на ноќта беа испратени пораки до сите оние кои се наоѓаат во две населени места во близина на пожарот да се евакуираат.
Превентивно беа евакуирани и 153 лица од Установата за лица со хронични заболувања, дел од нив беа пренесени во општинската спортска сала, а потоа во хотели, додека пак 56 лица со проблеми со движењето беа пренесени во воена болница.
Пожарот предизвика голема материјална штета, која дополнително ќе се проценува, со оглед на тоа што изгореа домови и индустриски погони.
Доцна синоќа беше уапсен 76-годишен грчки државјанин, кој и според истрага и според неговото признание, го предизвикал пожарот со опасно возење на неговото возило, при што се создале искри што ја запалиле вегетацијата.
Во текот на истрагата било утврдено и дека мажот бил под дејство на алкохол.
Според податоците на противпожарната служба на Грција, од 1 јануари годинава до сега се изречени 516 административни казни во вкупен износ од 629.272,80 евра, а се по итна постапка биле уапсени 158 лица.
Ново на Сител
-

Мацинка: Чешка сака да се надмине спорот меѓу Скопје и Софија и подготвена е да помогне
-

Аеродром добива второ основно училиште со целосно организирана едносменска настава
-

До среда сончево и многу топло, над 40 степени
-

НАТО изрази подготвеност да одговори на каква било закана по информациите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа
-

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за трите манастири
-

Ноќеска во Виница трето терестичко прскање против комарци
-

Кривична за вработен во банка во Гевгелија, од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра
-

Франција воведе право за асистирано умирање
