Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија.
По земјотресот издадено е предупредување за цунами.
Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу.
По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај. Додека железничкиот оператор „Џ.Р. Кјушу“ наведе дека ги прекинал железничките услуги, вклучително и брзите возови Шинкансен.
Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути.
Ново на Сител
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
