Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија.
По земјотресот издадено е предупредување за цунами.
Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу.
По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај. Додека железничкиот оператор „Џ.Р. Кјушу“ наведе дека ги прекинал железничките услуги, вклучително и брзите возови Шинкансен.
Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути.
Ново на Сител
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
