Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во префектурата Кумамото, јужна Јапонија.
По земјотресот издадено е предупредување за цунами.
Владата на Јапонија издаде итни предупредувања за земјотрес во префектурите Кумамото, Нагасаки, Кагошима, Фукуока, Сага, Оита и Мијазаки. Сите префектури се наоѓаат на јужниот јапонски остров Кјушу.
По големиот земјотрес „Кјушу Електрик Пауер“ соопшти дека не открила никакви неправилности во работењето на нуклеарните централи Сендај и Генкај. Додека железничкиот оператор „Џ.Р. Кјушу“ наведе дека ги прекинал железничките услуги, вклучително и брзите возови Шинкансен.
Јапонија, која е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, е една од сеизмички најактивните земји во светот, каде земјотреси просечно се случуваат на неколку минути.
Ново на Сител
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
