Голем успех: Елена Наумова освои втора награда и награда за најдобра композиција на „Балкан Фест“ во Бања Лука
Талентираната штипјанка Елена Наумова остави силен впечаток на престижниот интернационален музички фестивал „Балкан Фест“, кој и годинава се оддржа во Бања Лука и на кој оваа година учествуваа изведувачи и композиции од 11 земји. Елена Наумова ја освои наградата за најдобра композиција, како и втората награда на фестивалот.
Публиката и стручната жири-комисија беа воодушевени од изведбата на песната „Само нека помине“, композиција која со својата емоција, искреност и музичка зрелост успеа да се издвои меѓу бројните учесници од регионот. Елена Наумова со истата композиција беше дел од главната вечер на минатогодишниото јубилејно издание на Макфест.
Зад ова музичко остварување стои проверен авторски тим – музиката и текстот се дело на Ристо Самарџиев, додека аранжманот го потпишува Давор Јордановски, создавајќи песна која допре до срцата на слушателите и заслужено беше наградена.

Овој успех претставува уште една потврда дека македонската музика има што да понуди на балканската сцена, а Елена Наумова со својот талент, посветеност и интерпретација достојно ги претстави Штип и Македонија.Воедно привлекувајки го вниманието Елена доби честитки и покани за учество на неколку Интернационални фестивали меѓу кои и оние во Летонија,Малта, Белорусија и неколку фестивали во регионот.
Честитки за Елена и целиот авторски тим за ова значајно признание и за уште една прекрасна промоција на македонската музичка уметност надвор од границите на државата!
Ново на Сител
-

ЦУК: Регистрирани 26 пожари на отворен простор, пет се активни, шест се под контрола, а 15 се изгаснати
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
