Ѓуроски: Одигравме феноменално, енергијата беше клуч за успехот
Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски беше еден од најдобрите поединци во вчерашната победа над Полска во квалификациите за Европското првенство 2025. Ѓуровски смета дека клучен елемент во триумфот на „црвено-жолтите“ беше енергијата која ја демонстрираа на теренот.
- Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од каква значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од далечина, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше. Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. На крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим, изјави Ѓуровски.
Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија. Меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации,и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот, додаде македонскиот кошаркар.
Во убедливите плус 25 (96:71), против Полска, искусниот крилен кошаркар, испорача 17 поени, со висок процент на реализација (3/5 за три, 3/4 за два и 2/3 за еден поен), плус и две освоени топки, два скок аза повеќе од 31 минута помината на теренот.
Ново на Сител
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
-

Преглед на вестите од светот
