Ѓорѓиевски: За брзo врeмe ќe бидe oткриeн причинителoт за влевање на непознатата материја oд Лeпeнeц вo Вардaр

Надлежните институции веќе постапуваат по пријавата, која пристигнала до Град Скопје, за појава на непозната материја, која од реката Лепенец се влевала во реката Вардар.
Како што информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук, по пријавата инспекциски служби на Градот, но и на Министерството за животна средина веднаш излегле на терен.
- Пред околу околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влеваше во Вардар. Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така веднаш излегоа на терен. Дополнително, од страна инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за детектирање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор - објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој истакна дека се во комуникација со Министерството за животна средина и министерот и изразуи верување дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно санкциониран.
- Толеранција нема да има за никого! Веднаш штом добиеме подетални информации од Министерството кое е надлежно за разрешување на состојбите ќе бидете информирани - нагласи Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
