Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот Борис Трајковски, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми, напиша на Фејсбук градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Потенцира дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.
- Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот, истакна градоначалникот.
Реализацијата на овој капитален проект, како што посочува Ѓорѓиевски, претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура.
- Деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата. Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи! Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје, нагласува Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
