Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција

Инспекторите на Град Скопје доцна синоќа затекнале лице како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Кисела Вода, создавајќи дива депонија.
-Истото е веќе санкционирано. Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме. Таквата неодговорност нема да помине без санкција. Јасно кажав и останувам на зборот - нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните - напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.

Додава дека инспекторите се на терен 24 часа, а во тек е и постапка за поставување камери на јавни површини, за побрзо откривање и санкционирање на прекршителите.
-Скопје е наш заеднички дом. Да се однесуваме одговорно, пишува Ѓорѓиевски на ФБ.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка ја засилуваат поддршката за европска интеграција на Западен Балкан
-

Деветти смртен случај од западнонилска треска во Македонија, на Инфективна почина 66 годишен кумановец
-

Преглед на вестите од светот
-

21 септември - светски ден на Алцхајмеровата болест
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
