Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен.
Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено да се реагира доколку има поплави, штети или други последици од невремето.
Ѓорѓиевски информира дека сите расположливи капацитети се ставени во функција и дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, интервенирајќи секаде каде што ќе биде потребно.
Воедно, тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека институциите се подготвени да одговорат на сите предизвици предизвикани од невремето.
Ново на Сител
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
-

Град Скопје со мерки за контрола и намалување на трошоците за возниот парк
-

Нови колони на Табановце: Отворени осум пункта за наплата на казни
-

Обновливите извори се уште не се доволни, јагленот и натаму останува главен енергенс за производство на струја
-

МВР: Цивилните дронови веднаш да се приземјат при појава на полициски хеликоптер, во спротивно следи кривична
-

Миланов и Серафимовски во Србија: Зајакнување на соработката и олеснување на прометот на животни и производи меѓу двете земји
-

Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови
