Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен.
Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено да се реагира доколку има поплави, штети или други последици од невремето.
Ѓорѓиевски информира дека сите расположливи капацитети се ставени во функција и дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, интервенирајќи секаде каде што ќе биде потребно.
Воедно, тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека институциите се подготвени да одговорат на сите предизвици предизвикани од невремето.
Ново на Сител
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
