Ѓорѓиевски: Децении лажни ветувања завршуваат денес, Горно Оризари конечно добива достојни услови за живот

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информира дека во општина Шуто Оризари почнуваат конкретни градежни активности за реконструкција на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.
-Денес сум во Горно Оризари, во општина Шуто Оризари, каде започнуваме конкретни градежни активности за подобар и подостоинствен живот на жителите од овој дел на Скопје. Заедно со министерот Ерџан Демир, ги посетивме овие луѓе уште во периодот кога ја барав нивната поддршка. Тогаш слушнав многу приказни, дека со децении биле посетувани само пред избори, дека им биле давани ветувања и дека потоа сите ги заборавале. Тогаш, им дадов збор дека времето на лажните ветувања завршува. Денес повторно сме тука, лице в лице со истите луѓе со кои си подадовме рака, но не со ново ветување, туку со работа! - напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Како што посочува, за првпат ја реконструираат улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.
-Поставуваме околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, со што обезбедуваме побезбедно, полесно и достоинствено движење за жителите. Поставуваме и ново детско катче, а целосно го реконструираме спортскиот терен за децата и младите да имаат свое безбедно место за игра, спорт, дружење и правилен развој. Ова е само почеток на градежната офанзива во Горно Оризари. Нема заборавени населби. Нема повеќе празни зборови. Секој скопјанец заслужува нормални услови за живот и тоа ќе го обезбедиме со работа, посветеност и исполнет збор! - потенцира Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска до учениците: Учете вредно за да знаете, бидете пријатели со другите деца
-

Герасимовски: 551 прваче денес го започна своето образование во осумте основни училишта во Центар
-

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
