Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

По повеќегодишното одложување на проектот за БРТ пронајдено е функционално решение со кое ќе се задржи средишното зеленило, наместо негово отстранување, изјави градоначалник на Град Скопје, во гостувањето на Сител телевизија во „Тема на денот“.
-Во минатото повеќе од инает се дозволи со години да стои проектот во исчекување, најкритичната точка беше средишното зеленило коешто во минатото требаше да се отстрани, ние го променивме концептот, затоа што има алтернатива која може да биде функционална, наместо на средината да се отстранува средишното зеленило, автобусите да одат од левата и од десната страна, притоа да го задржиме средишното зеленило и да се додадат уште две траси - изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски, исто така, соопшти дека првата фаза за инфраструктурно поврзување меѓу Ѓорче Петров и Новата железничка станица е веќе започната, а првите градежни активности се очекуваат во втората половина од следната година.
-Реално проекциите беа наредната година да започнеме со овој дел од тендерските постапки, но бидејќи навремено ја завршивме целата работа, ние ја распишавме едната фаза којашто предвидува инфраструктура тоа е поврзувањето Ѓорче Петров со Ново Лисиче, имаме и втора фаза понатаму којашто ќе опфаќа набавка на 40-тина нови еколошки автобуси - појасни Ѓорѓиевски.
Во однос на паркирањето кај Клиничкиот центар, Ѓорѓиевски посочи дека проблемот со недостигот на паркинг места ќе се решава со изградба на две големи монтажни паркиралишта со капацитет од над 520 возила.
-Јас сакам прво да ја поздравам идејата на Владата за нов Клинички центар, но до тогаш хаосот кај Клинички центар го решаваме и распишана е тендерска постапка за изведба на две големи монтажни паркиралишта коишто ќе задоволуваат потреби над 520 паркинг места, ако оди се како што треба веднаш по завршување на тендерската постапка ќе почнеме со градба - истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски, исто така, информираше дека е потпишан договорот и веќе очекува во наредните 7 до 10 дена да започнат со репарација на Жичницата на Средно Водно. По спроведувањето на детален и темелен сервис за нејзина целосна безбедност и добивање официјални гаранции за безбедност, жичницата повторно ќе биде ставена во функција за граѓаните, информираше Ѓорѓиевски.
Во однос на мостот кај „Јане Сандански“, Ѓорѓиевски информираше дека, експропријацијата е завршена, а во наредните три недели мостот ќе биде целосно подготвен за ставање во функција за да се растерети сообраќајот.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
