-->
-->
Ѓорческа го освои турнирот во Белгија
-->

Нов успех на Лина Ѓорческа која во конкуренција на двојки го освои ИТФ фјучерсот во Коксејде (Белгија).
Ѓорческа во тандем со Валерија Страхова (Украина) во големото финале беа подобри од првите носителки Валентини Граматикопоулоу (Грција) и Валентина Ивахненко (Русија).
Македонката и Украинката одиграа одличен меч и го решија во два сета и тоа со идентичен резултат 6-4 и 6-4.
Ова за Лина е трета титула во дубл во 2021 година (Коксејде, Телави и Калви). Интересно е тоа што две од овие три славја ги направи токму со Страхова со која претходно беше најдобра во Грузија (Телави) на фјучерсот што се играше за награден фонд од 25.000 американски долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
