Ѓоковиќ објави фотографија од тренинг терените во Мелбурн и напиша: Ви благодарам на сите

Откако судот во Австралија донесе пресуда во корист на Новак Ѓоковиќ со која е поништена одлуката за депортирање и дозволено му е да остане во земјата, Ѓоковиќ објави фотографија од тренинг терените во Мелбурн со која се заблагодари за огромната поддршка.
„Благодарен сум на судијата што донесе пресуда да ми се врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случуваше во изминатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тенисот. Допатував тука за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мој најуспешен. Во моментов толку можам да напишам, и секако едно големо БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми пружија поддршка и сила и ме охрабруваа да останам присебен и јак.“, напиша Ѓоковиќ.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
