-->
-->
Ѓоковиќ нема да игра на турнирите во САД
-->

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами. Српскиот тенисер не добил дозвола да влезе во САД.
Од Центарот за контрола и превенција на болестите не му дозволиле да влезе во Америка, бидејќи не е вакциниран.
„И покрај тоа што автоматски бев пријавен за овие турнири, знаев дека ќе биде тешко да добијам дозвола да влезам во САД. Потврдено е дека правилата нема да се менуваат и дека нема да можам да играм во Индијан Велс и Мајами. Среќно на сите што ќе настапат на овие одлични турнири“, напишал Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
