Ѓоковиќ: Ми треба малку време да се вратам во ритам
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој вчера е елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Монте Карло, рече дека му е потребно време да се врати во посакуваниот ритам.
– Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во форма за Грен слемот „Ролан Гарос“. Ова е главната цел за овој дел од сезоната. Знаев дека ќе ми треба малку време за навистина да се прилагодам на земјените подлоги. површината. Историски гледано, тоа отсекогаш било така. Никогаш не играв многу добро на првите земјени турнири во сезоната. Но нормално е. Морам да го прифатам овој пораз и да продолжам понатаму, изјави Ѓоковиќ
Србинот вчера во второто коло на Мастерсот во Монте Карло загуби од 46-от на АТП ранг-листата, Алехандро Давидович-Фокина со 1:2, по сетови 3:6, 7:6 и 1:6.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес со епицентар на подрачјето Тетово-Гостивар
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
