Loading Video...
Тенис
10. January 2022 - 16:30

Ѓоковиќ ја доби битката со судот, дали ќе ја добие со владата

Ѓоковиќ ја доби првата битка со австралиската Влада но тоа не значи дека српскиот тенисер ќе добие право да настапи на првиот гренд слем оваа година. Сега на потег е австралискиот министер за имиграција кој може да ја поништи одлуката на Судот и Ѓоковиќ да го прогласи за заканата по јавното здравје. Според последните информации тој својата одлука ќе ја донесе утре. Доколку се реши да го депортира, Ѓоковиќ ќе добие и забрана во наредните 3 години да влезе во земјата.

Во меѓувреме, српскиот тенисер добил право да го напушти хотелот и како што попладнево објави неговото семејство тој веќе почнал да тренира.

Судењето на Ѓоковиќ во живо се следеше на улиците во Мелбурн. Одлуката предизвика бура одушевување кај неговите поддржувачи.

Во целиот хаос кој веќе неколку дена се случуваше пред хотелот каде што беше сместен имаше доста работа и за полицијата.

Адвокатите на судот му покажале позитивен ПЦР тест кој Ѓоковиќ го добил на 16 декември. Утредента и покрај тоа што официјално бил заразен тој делел пехари на млади тенисери на настан организиран од српската тениска федерација. Француски Лекип  објави дека 2 дена по добиениот позитивен тест, Ѓоковиќ бил во нивната редакција на снимање на спортски едиторијал без никому да каже дека е позитивен. На 22 декември, Ѓоковиќ повторно се тестирал, но сега добил негативен тест.