Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот натпревар на Ролан Гарос во кариерата
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со многу емоции им се обрати синоќа на новинарите во Париз по триумфот над Рафаел Надал и пласманот во финалето на Ролан Гарос.
– Оваа победа е една од најдрагите и најголемите во мојата кариера. Дефинитивно тоа беше еден од моите трите највозбудливи натпревари, и најдобар што го имам одиграно на Ролан Гарос, имајќи ги предвид квалитетот на тенисот и поддршката која доаѓаше од трибините и за мене, и за него, изјави српскиот тенисер по големиот триумф над кралот на земјените терени и 13-кратен освојувачот на Грен-слем турнирот во Париз.
Ѓоковиќ синоќа по голема борба и четиричасовен врвен тенис го совлада Надал со 3-1 во сетови (3:6, 6:3, 7:6, 6:2) и обезбеди пласман во финалето на Ролан Гарос во кое в недела за противник ќе го има Гркот Стефанос Циципас.
– За него тоа ќе биде посебно искуство, бидејќи никогаш порано немал можност да игра грен-слем финале. Без дилеми, ме чека голема борба, порача Ѓоковиќ спроти утрешниот завршен натпревар на турнирот во Париз.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
