Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години

Откако странките не вложиле жалба, пресудата со која Љупчо Пецов е огласен за виновен е правосилна од 21 септември 2026 година, информираат од Кривичниот суд.
Пресудата била донесена на 24 август годинава врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот.
Со неа, на Пецов му е утврдена казна затвор во траење од две години, која нема да биде извршена доколку во рок од пет години не стори ново кривично дело.
Покрај условната затворска казна, на обвинетиот му е изречена и парична казна во износ од 8.000 евра.
Судот изрекол и споредна казна – забрана за вршење дејност како основач или управител на правно лице, односно забрана да управува, раководи или располага со имот на правно лице, во траење од десет години.
Казна е изречена и на обвинетото правно лице ДУТУД А.К.А.П. ДООЕЛ, кое се наоѓа во стечај. На правното лице му е изречена парична казна од еден милион денари.
Дополнително, изречени му се и забрани за добивање дозвола, лиценца и концесија утврдени со посебен закон, забрана за учество во постапка за јавен повик, како и забрана за основање нови правни лица. Сите овие забрани се во траење од пет години.
Од Кривичниот суд посочуваат дека при определувањето на казната била земена предвид и потребата од обезбедување процесна избалансираност во однос на останатите обвинети во комплексниот кривично-правен случај.
Како што наведуваат од судот, и други обвинети ја признале вината, ја надоместиле паричната штета, а во раздвоените постапки им биле изречени алтернативни мерки.
Пресудата во моментов е во фаза на анонимизација и, според најавата од судот, наскоро ќе биде јавно достапна.
Ново на Сител
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
-

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Во фокус европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка
