Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапки против две лица за кривично дело – Телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик, односно повреда нанесена при вршење семејно насилство врз сопствените мајки.
Во првиот случај, осомничениот 34-годишник, на 25 јули во вечерните часови, барал пари од неговата мајка. Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде, тој почнал агресивно да ја обвинува дека таа не успеала да му пружи достоен живот и во еден момент почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Потоа ја тресел и ја кубел за косата, па и се заканил дека ако не му обезбедела одредена сума пари, тој секој ден ќе ја тепа и нема да престанува.
Јавниот обвинител, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за овој осомничен, особено имајќи предвид дека тој и претходно бил осудуван за слично кривично дело, како и заканите упатени кон оштетената кои го зголемуваат ризикот од повторување на делото.
Во друг настан, за истото кривично дело е осомничен 24-годишник од Петровец, кој на 25 јули попладнето во семејниот дом ја нападнал физички својата мајка, удирајќи ја со тупаница по лицето. Потоа ја повлекол за левата рака и влегол на возачкото седиште од автомобилот и ја затворил силно вратата. Раката на оштетената останала приклештена со вратата, а осомничениот почнал да вози, при што жената не можела да се извлече и трчала по возилото се додека по некое време осомничениот не ја отфрлил.
Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител на Основниот кривичен суд во Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост за осомничениот: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Судот и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со нападнатата мајка.
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар вчера прегледани 127 пациенти со симптоми на ентероколит
-

Тошковски: Ниту војската, ниту полицијата не треба да обезбедува водоводи
-

Ангелов: Во Крушево поради прекин на струја еден час не работел уредот за хлорирање на водата
-

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма за даночно затајување од 3,8 милиони денари
-

Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка, продолжува испораката на флаширана вода
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
