Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови

Државно-црковната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши претпладнево во базиликата „Сан Клементе“ во Рим присуствуваше на молебен на гробот на свети Кирил по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители 24 Мај.
Со молебенот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со митрополитите на Европската и на Дебарско-кичевската епархија, г. Пимен и г. Георгиј, и свештеници од Македонската православна црква - Охридска архиепископија.
Во словото за св. Кирил архиепископот рече дека неговото и делото на Методиј не исчезнало со вековите и дека нивната жртва раѓа нови плодови.
- Додека постои нашиот народ, вашите имиња ќе се споменуваат, рече поглаварот на МПЦ-ОА, зборувајќи за просветителска мисија со која творците на словенската писменост го ослободиле од темнина словенскиот народ.
Почит пред гробот на св. Кирил оддаде и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој со делегацијата што ја предводи ќе ја посети и папската базилика „Санта Марија Маџоре“ каде што ќе положи венец на спомен-плочата напишана на македонски јазик.
Таа е поставена во 2015 година како благодарност од македонскиот народ за гестот на папата Адријан Втори, кој во 868 година, во оваа базилика ги осветил словенските книги што во Рим ги донеле браќата Константин (Кирил) и Методиј.
Во базиликата „Санта Марија Маџоре“ делегацијата ќе го посети и гробот на папата Франциск, кој почина минатата година.
МИА
Ново на Сител
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
-

Сончево и топло, попладне локален пороен дожд
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
