Гесан прв фудбалер во историјата што освои две европски натпреварувања во една сезона
Крилниот напаѓач на Кристал Палас, Еван Гесан, стана првиот фудбалер во историјата што освои две европски натпреварувања во една сезона.
Англискиот тим синоќа го победи Рајо Ваљекано (Шпанија) со 1:0 во финалето на Конференциската лига. Дваесет и четиригодишниот играч од Брегот на Слоновата Коска одигра 10 минути од натпреварот.
Гесан се приклучи на лондонскиот клуб како позајмен играч од Астон вила во јануари. Тој одигра седум натпревари од Лигата на Европа за клубот од Бирмингем оваа сезона, постигнувајќи два гола. Минатата среда, 20 мај, Астон вила го победи Фрајбург со 3:0 во финалето на Лигата на Европа.
Ова значи дека Гесан обезбеди медал од Лигата на Европа 2025/26 и Конференциската лига 2025/26.
Кристал Палас играше во своето прво финале на европско клупско натпреварување. Со оваа победа, англискиот тим обезбеди место во Лигата на Европа за сезоната 2026/27.
МИА
Ново на Сител
-

Американската армија повторно го нападна Иран, ИРГЦ возврати со напад врз Кувајт
-

Спасени над 200 мигранти во пет одвоени случаи во поширокиот морски регион кај грчкиот остров Крит
-

85-годишна жена изгоре во пожар во населба Пинтија
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, треба да се изведуваат материјални докази од Обвинителството
-

Ѓоковиќ: Се надевам дека нема повторно да сретнам друг француски играч пред крајот на Ролан Гарос
-

Во Берово изутринава 8 степени, во Скопје 17
-

Јаневска на увид во градежните активности за реконструкција на студентскиот дом „Стив Наумов“
-

Отворање на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
