Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, го усвоил Предлог-правилникот за доделување еднократна финансиска помош за оштетените објекти на граѓани и правни лица по силното невреме што пред два дена го зафати Скопје.
На седницата, како што соопштија оттаму, градоначалникот Герасимовски истакнал дека личниот пример е најважен, и во акциите на терен и со носење конкретни мерки за поддршка на погодените жители.
- Мој приоритет отсекогаш биле граѓаните. Никој нема да остане сам во справувањето со последиците. Покрај институционалната помош што ја обезбедува Општина Центар, предлагам и јас како градоначалник, како и сите советници, со личен пример да покажеме солидарност и да дадеме финансиска помош за погодените од невремето. Во вакви моменти треба да покажеме единство, одговорност и вистинска грижа за нашите сограѓани, истакнал Герасимовски.
Согласно усвоениот правилник, финансиските средства од општинскиот буџет ќе се доделуваат за санирање на оштетени кровни конструкции и фасади на индивидуални и колективни објекти за домување на територијата на Општина Центар.
МИА
Ново на Сител
-

Работник ги нападнал газдите со нож поради неисплатени дневници
-

Рубио: Иран моли за договор
-

Град Скопје: Нови 60 садници во Градскиот парк - ги санираме последиците од невремето
-

Утре пороен дожд, грмежи и ветер
-

Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка
-

Вардар поразен на домашен терен од Рига
-

Со даночно затајување управител и правно лице го оштетиле Буџетот за 8.070.791 денари
-

Средба Лавров - Рубио на маргините на Самитот на АСЕАН во Манила
