„Газета“: Фетел потпиша со Рејсинг Поинт
Според италијанското издание „Газета дело Спорт“, актуелниот возач на Ферари, Себастијан Фетел има потпишано долгорочен договор со екипата на Рејсинг Поинт. Така, Германецот ќе се приклучи на тимот за стартот на сезоната 2021 година, кога тимот ќе биде ребрендиран како Астон Мартин.
Преговорите меѓу двете страни започнале пред повеќе од два месеци, а треба да се разјасни само начинот на кој Германецот ќе го рекламира брендот.
Фетел ќе го замени Серхио Перез и ќе се здружи со синот на сопственикот на тимот Лоренс Строл – Ленс.
Веста за трансферот на Фетел требаше да биде официјално објавена меѓу двете трки на патеката „Силверстон“, но ова беше одложено поради позитивниот тест за коронавирусот на Перез, што бараше негово отсуство од британското гран-при минатата недела.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
