Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до македонските граѓани по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик во која порачува дека македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава.
-Почитувани сограѓани Македонци, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава. Покрај тоа што овозможува комуникација, македонскиот јазик е и средство за институционално функционирање и службена комуникација во нашата земја, се вели во честитката од Гаши.
Како посебен јазик во групата на јужнословенските јазици, се додава, македонскиот јазик успеа да биде развиен јазик на книжевноста, образованието, науката и културата. Покрај тоа, како дел од Балканскиот јазичен сојуз, македонскиот јазик, заедно со албанскиот и другите јазици, создадоа уникатни особености што придонесоа за оформување и на нова лингвистичка дисциплина, каква што е балканистиката.
-Во едно мултиетничко општество како нашето, почитувањето на јазиците и културите на сите заедници е темел на кохезијата и соживотот. Промоцијата на македонскиот јазик оди паралелно со нашата посветеност да ги гарантираме јазичните права на секој граѓанин, градејќи мостови на разбирање и меѓусебна почит, вели Гаши во честитката.
Нагласува дека Собранието останува посветено на унапредување на институционалните стандарди и спроведување практики што гарантираат јасна, ефикасна и одговорна комуникација.
-Да продолжиме заедно да работиме на зачувување, збогатување и промовирање на македонскиот јазик, како и на зајакнување на единството и хармонијата во нашата земја, потеницира претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод 5 Мај - Денот на македонскиот јазик.
МИА
Ново на Сител
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
