ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања, најмногу за породилни отсуства

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека месецов исплатил над 560 милиони денари за надоместоци за боледување – најголем дел од средствата за породилни отсуства и дека продолжува со континуирана и навремена исплата на надоместоците на плата по основ на привремена спреченост за работа (исплата на боледувања).
Заклучно со денеска, иако месецот сe уште не е завршен, како што се посочува, Фондот исплати вкупно 560,9 милиони денари по основ на надоместоци за боледување, од кои: 420,3 милиони денари за надоместоци за породилно отсуство и 140,6 милиони денари за останати видови боледувања.
Исплатите се реализираа по следната динамика: од 1 до 23 јули се исплатени 111 милиони денари за породилно отсуство и 93,5 милиони денари за останати боледувања, на 24 јули 25 милиони денари за породилно отсуство и 24 милиони денари за останати боледувања, на 27 јули 198 милиони денари за породилно отсуство и 17,7 милиони денари за останати боледувања, а на 28 јули 86,3 милиони денари за продилно отсуство и 5,4 милиони денари за останати боледувања.
Според Фондот, ова претставува досега највисок износ исплатен во текот на еден месец за надоместоци по основ на породилно отсуство, што е уште една потврда за определбата на Фондот навремено да ги обезбедува средствата за остварување на правата на осигурениците.
Од Фондот информираат дека нема застој во исплатата на породилните надоместоци и дека кај породилното отсуство, единствен услов за започнување на исплатата е за првиот месец да биде извршена уплата на придонесите согласно законските прописи.
По исполнување на овој услов, за секој нареден месец надоместокот се исплаќа веднаш по истекот на месецот на кој се однесува, по претходно спроведена административна обработка, стручна контрола и одобрување од надлежните служби на Фондот. Кај останатите боледувања, покрај административната обработка, контролата и одобрувањето на предметите, законски предуслов за исплата е да биде извршена уплата на придонесите за месецот за кој се исплаќа надоместокот. Поради оваа законска обврска, во поединечни случаи може да дојде до пролонгирање на исплатата. Ова не се однесува на породилните отсуства, каде по првата реализирана исплата постапката се одвива континуирано, посочуваат од ФЗО и додаваат дека остануваат посветени на ефикасна обработка на предметите и континуирана исплата на надоместоците, со цел осигурениците навремено да ги остварат своите законски права.
МИА
Ново на Сител
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
