Французинка измамена од лажен Бред Пит, изгубила 830.000 евра

Полицијата за економски криминал на францускиот остров Реунион, одговорна за разоткривање разни финансиски измами, покрена истрага за кибер-измама каде што криминалците, претставувајќи се како „Бред Пит“, измамиле француска државјанка и ѝ зеле 830.000 евра во текот на една година.
Ова не е првпат измамници да го злоупотребат името на овој или други познати глумци и да измамат луѓе за пари. Слична истрага е во тек и во Шпанија. Таму на две жени кои се приклучиле како следачки на лажна интернет-страница на Бред Пит, биле измамени за вкупно 325.000 евра. Веста беше објавена лани, а беа уапсени пет лица.
Од украдените пари, тогаш биле пронајдени околу 94.000 евра, пишува „Варајети“.
Самиот Бред Пит, откако дознал за овие измами, ги предупредува своите обожаватели дека не е активен на социјалните мрежи и ако некој ги контактира со неговото име – тогаш тоа е лажен „Бред Пит“.
На интернет, покрај шегите околу наводната наивност на оштетената жена – засега позната само како „Ана“, исто така, се покренаа дебати за опасностите од социјалните мрежи, каде што неретко и не зависи сѐ од нечија наивност, според западните медиуми.
Ново на Сител
-

Се затега монетарната политика, ќе поскапат кредитите
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското езеро
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
