Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре ќе ѝ исплатиме на Украина уште 3,3 милијарди евра за набавка на ракети и дронови“, изјави Фон дер Лајен во соопштение објавено синоќа на интернет-страницата на Европската комисија.
Таа рече дека минатата недела е одобрено финансирање од ЕУ за системи „Патриот“, преку Заемот за поддршка на Украина, кој за оваа и за наредната година изнесува 90 милијарди евра, но и дека „очигледно е потребно повеќе“.
Фон дер Лајен додаде дека ЕУ е подготвена да ги искористи преостанатите средства од програмата Безбедносна акција за Европа (САФЕ) за започнување нова програма за заеднички одбранбени проекти на ЕУ и Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен 36-годишник, превезувал над 1000 парчиња криумчарена стока | ФОТО
-

Македонскиот рубин влегува во нова фаза на заштита, сертификација и промоција
-

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата
-

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека
-

Сорос подарил 74% од своето богатство, Безос помалку од 5%: Колку навистина донираат најбогатите Американци
-

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
