„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ повлече 114.478 возила во САД поради проблеми со воздушните перничиња, коишто, под одредени околности би можеле да претставуваат опасност за возачите, соопшти американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Проблемот е во тоа што воздушните перничиња на страната на возачот би можеле да експлодираат поради долготрајна влажност и високи температури и да ја загрозат неговата безбедност.
Повлечени се некои возила „Пасат“ произведени од 2012 до 2014 година, „Пасат“ седаните од 2006. и 2007., „Пасат вагоните“ од 2017. и некои познати модернизирани „Буби“ произведени меѓу 2017. и 2018 година, се додава во соопштението.
Сите купувачи на возила со потенцијално небезбедни воздушни перничиња ќе бидат известени до 27 декември, а компанијата ќе им дозволи бесплатно да го заменат воздушното перниче во салон на „Фолксваген.
Ново на Сител
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
