Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд

Епскиот филм „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан, продолжува да доминира на кино-благајните и во вториот викенд од прикажувањето, потврдувајќи го статусот на еден од најголемите филмски хитови годинава.
Според најновите проценки на филмското студио, остварувањето инкасирало 87 милиони долари на американскиот пазар во текот на вториот викенд, при што забележало пад од само 30 проценти во однос на дебитантскиот викенд – резултат што филмските аналитичари го оценуваат како исклучително силен.
На глобално ниво, „Одисеја“ досега има заработено околу 639,6 милиони долари, а бројките продолжуваат да растат благодарение на големиот интерес на публиката ширум светот.
Особено голем придонес во приходите имаат проекциите во премиум кино-салите. Само од IMAX проекциите филмот остварил 48 милиони долари на светско ниво, додека дополнителни 5,2 милиони долари се собрани од останатите формати на големо платно. Побарувачката е толку голема што билетите за многу проекции се распродадени со недели однапред.
Поради огромниот интерес, киноприкажувањето на филмот ќе продолжи во голем број земји, а се очекува заработката дополнително да се зголемува во наредниот период.
Со овие резултати, Кристофер Нолан постави и нов личен рекорд. „Одисеја“ му го донесе најуспешниот втор викенд во неговата режисерска кариера, надминувајќи го досегашниот рекорд што го држеше „The Dark Knight“ (Мрачниот витез), кој во вториот викенд од прикажувањето во 2008 година инкасираше 75,2 милиони долари.
МИА
Ново на Сител
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
