ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

ФИФА одговори на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го исклучи Бостон од листата на градови домаќини за Светското првенство во 2026 година.
Трамп ја критикуваше градоначалничката на Бостон, Мишел Ву, за уличните немири и изјави дека би можел да му предложи на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ги премести натпреварите доколку смета дека градот е небезбеден.
- Безбедноста, секако, е одговорност на владите домаќини, а тие одлучуваат што е најдобро за јавната безбедност. Се надеваме дека секој од 16-те градови каде што планираме да биде домаќин на настанот ќе биде подготвен успешно да го организира и да ги исполни сите потребни услови, се произнесе ФИФА.
Светското фудбалско првенство ќе се одржи на лето во 2026 година во САД, Мексико и Канада. Во САД, натпреварите ќе се играат во 11 градови: Атланта, Бостон, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Лос Анџелес, Мајами, Њу Џерси, Филаделфија, Инглвуд и Сиетл.
Во Мексико, натпреварите ќе се одржат во Мексико Сити, Гвадалахара и Запопан, додека во Канада ќе се одржат во Торонто и Ванкувер.
МИА
Ново на Сител
-

Хјустон ја оствари својата прва победа во НБА плејоф серијата против Лејкерси
-

Салах, најверојатно, го одигра последниот натпревар за Ливерпул
-

Алонсо: Сè уште не сум подготвен да ја завршам кариерата во Ф1
-

Трамп: Напаѓачот е „болен човек кој ги мрази христијаните“
-

Портокалов ден во Градскиот парк по повод Денот на кралот на Холандија
-

Измените на законот за пратениците пред Законодавно-правната комисија
-

Сончево и топло, од утре до крајот на неделата дожд
-

Трамп имал „многу добри разговори“ со Путин, очекува брз крај на војните во Иран и во Украина
