Loading Video...
Фудбал
1. February 2021 - 15:26
ФИФА и УЕФА на страна на ФФМ во спорот со Агенцијата за млади и спорт
Светската и Европската фудбалска асоцијација нагласуваат дека, промените во Статутот на ФФМ треба да бидат направени по изборното Собрание на федерацијата, со што најголемите фудбалски институции застанаа на страната на ФФМ во спортот со АМС.
Несогласувањата на релација Агенција за млади и спорт и Фудбалска федерација на Македонија, околу усогласувањето на Статутот на федерацијата со Законот за спорт во нашата земја, ќе треба да биде направен по изборното собрание, потенцираат во заедничкото писмо потпишано од Генералните секретари на ФИФА и УЕФА, а упатено до македонската фудбалска федерација.
„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор. Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа. Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство. Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“, се вели во соопштението.
Ваквиот став на двете највисоки фудбалски организации јасно става на знаење дека Агенцијата за млади и спорт сепак ќе мора да почека на Изборното Собрание на ФФМ, па дури потоа на заедничка маса со раководството на федерацијата да се седне и усогласи Статутот на ФФМ со домашното законодавство.

-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
