-->
-->
Фејсбук воведе низа промени - Профилната фотографија може да биде...
-->

Профилната фотографија на Фејсбук повеќе нема да биде иста. Во низата промени кои ги воведе оваа социјална мрежа, профилната фотографија ќе може во иднина да биде кратко видео кое се повторува, а ќе се активира штом некој го отвори вашиот профил, односно ГИФ.
Од Фејсбук објавија дека мобилните прикази на таа социјална мрежа ќе доживеат големи промени, вклучувајќи профилни видеа, привремени фотографии и нови можности со кои корисниците ќе може да контролираат што другите може да видат на нивниот профил.
Профилното видео, како што го нарекуваат од Фејсбук, ќе им овозможи на луѓето профилните фотографии да ги сменат со кратко видео кое се повторува. Тоа ќе биде видливо само на мобилниот Фејсбук, како и останатите нови промени.
Корисниците освен тоа ќе може да креираат и “привремена верзија“ на профилна фотографија која ќе се смени во фотографија која била порано во време кое вие ќе го наведете.
Корисниците ќе може да ги сменат и информациите кои се појавуваат на нивните профили. Новата команда овозможува да одберете кои лични податоци сакаат да се појавуваат на врвот на страната, а ќе се додаде и рубрика “био“ во која ќе може да напишете кратка порака за себе.
Направени се и некои помали промени врзани за изгледот на профилот па така куќичката со фотографии и пријателите ќе се најде малку повисоко. Профилната фотографија, односно ГИФ, ќе се најде на средина на страницата, а не од страна. Повторуваме, така ќе изгледа само во мобилен приказ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
