Фејсбук ја блокираше опцијата „Геофидија“

Откако се прошири информацијата дека американската полиција ја користи „Геофидија“ за следење на демонстрантите во Фергусон, Мисури и Балтимор, Фејсбук реши да ја укине таа опција на својата социјална мрежа, јави порталот „Верџ“.
По ова, и компаниите како што се Инстаграм, Твитер, кои ја користат таа услуга, постапија слично. Тој податок за тесна соработка меѓу компаниите и власта, исто така, предизвика незадоволство кaj голем број корисници, поради можноста на злоупотреба на личните податоци.
- Една од најголемите компании во областа на социјалните мрежи, неодамна ја користеше „Геофидија“ во својот Центар за глобални безбедносни операции, со цел лоцирање на провалник кој упаднал во канцеларијата на извршниот директор. Провалникот поставувал фотографија од канцеларијата на социјалните мрежи преку својот смартфон. Безбедносниот тим ја забележа објавата и стигна во канцеларијата неколку минути подоцна, образложија на свој блог тројца поранешни вработени во Фејсбук.
Двајца поранешни вработени во „Геофидија“ пак, ги потврдија тие пишувања и дополнија дека се работи за Марк Цукерберг. Од компанијата, исто така, ги потврдија овие наводи.
Сепак, по аферата со демонстрантите, Фејсбук веднаш го прекина пристапот до „Геофидија“.
Ново на Сител
-

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина
-

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона
-

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на 324 кг марихуана
-

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег
-

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција
-

Активни пет пожари, три под контрола, регистрирани вкупно 14 пожари
-

Израелски министер се залага за убивање десетици Палестинци дневно: Тие луѓе не се достојни за живот
-

Приведени четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани
