Фатва против крадците на безжичен интерент во Дубаи

Највисокото исламско тело во Дубаи соопшти денеска дека кражбата на безжичен интернет од соседите не е во согласност со учењето на Исламот.
Одделот за исламски прашања и хуманитарни активности на Дубаи на својот сајт објави ваквиот верски указ, кој во Исламот се нарекува фатва, како одговор на прашање на еден анонимен граѓанин.
- Не е ништо лошо да го користите безжичниот интернет на соседите ако тие ви го дозволат тоа, но ако не ви дозволат не смеете да го користите, се наведува во указот.
Одделот за исламски прашања и хуманитарни активности на Дубаи на својот сајт одговара на различни прашања поставени преку интернет, објавува молитви и верски учења, а третира и модерни теми, како што се козметички операции или илегално преземање филмови.
Ново на Сител
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Драги Змијанац, претседател на „Меѓаши“
