ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци

Затворањето на Ормуската Теснина би можело да предизвика сериозна светска криза со цените на храната во наредните шест до 12 месеци доколку владите итно не преземат мерки, предупреди денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
ФАО наведе дека одлуките што сега ги носат земјоделците и владите за употребата на ѓубрива, увозот, финансирањето и изборот на култури ќе одредат дали цените на храната нагло ќе пораснат на крајот на оваа или на почетокот на 2027 година.
Според податоците на ФАО, последиците се веќе видливи, бидејќи индексот на цените на храната на организацијата, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбените производи, во април порасна трет месец по ред поради високите трошоци за енергија и нарушувањата поврзани со конфликтите на Блискиот Исток.
Организацијата за храна и земјоделство на ОН предупредува дека кризата ќе се одвива постепено – прво преку раст на цените на енергенсите, потоа на ѓубривата и семето, потоа преку пониски приноси, раст на цените на земјоделските суровини и на крајот преку поскапување на храната за потрошувачите.
ФАО ги повика владите да најдат алтернативни трговски патишта за да ја заобиколат Ормуската Теснина, да не воведуваат забрани за извоз и да ги заштитат хуманитарните текови на храна од трговски ограничувања.
Најзагрозени се посиромашните земји во Азија, Африка и Латинска Америка, каде што голем дел од населението веќе има тешкотии да обезбеди доволно храна, бидејќи тие држави традиционално се снабдуваат со азотни ѓубрива од Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
