Фановите на Нокиа 3310 во шок: Легендарниот телефон нема да работи во сите земји, еве дали Македонија е меѓу нив!

Нокиа ја објави новата верзија на легендарниот модел 3310, но не е се така сјајно. Всушност новиот модел на 3310 нема да работи во многу земји ширум светот.
Трикот е во тоа што новата верзија на познатиот телефон функционира само на мрежи кои работат на френквенции од 900 и 1800 МХз, односни 2Г мрежа, пишува Индепендент.
Многу земји одамна ги имаат исклучено базните станици кои го емитуваат овој сигнал, а од ден во ден тој број се зголемува.
Тоа значи дека во земјите во кои е исклучен 2Г сигналот, Нокиа 3310 нема да работи (јавувања и праќање пораки). Меѓутоа во Македонија сеуште има активна 2Г мрежа па новата Нокиа ќе работи без проблем.
Голем дел од новите телефони, поддржуваат различни фреквенции (најмалку три) како би се конектирале на мрежа во различни делови од светот. Нажалост, легендарната Нокиа 3310 нема да биде еден од нив.
Потсетуваме, новата Нокиа 3310 има екран во боја, по дизајн потсетува на својот претходник, а тука исто така е камерата од 2 мегапиксели. Телефонот овозможува опции какко оригиналниот модел на 3310 - телефонирање, праќање пораки и има батерија која трае со денови, односно 22 часа разговор и еден месец во стенд бај.
Новата Нокиа 3310 ќе чини 49 евра.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-

ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина
-

Мицкоски на Самитот на Македонија 2025: Поврзување на државата за поголем економски раст
-

Оклахома ги елиминираше Лејкерси и се пласираше во полуфиналето на плејофот
-

Сончево и ветровито време, попладне можен пороен дожд и грмежи
-

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин
-

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз јужен Либан
-

Песков: Внатрешните разговори во ЕУ за дијалог со Русија претставуваат позитивен сигнал
-

Николоски: Градежните активности на автопатот Охрид - Кичево влегуваат во последната финална фаза
