-->
-->
Фалсификувал свидетелство за основно за да полага за возачка – кривична за 27-годишен кавадарчанец
-->
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против 27-годишниот Ѓ.К. од Кавадарци поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“.
Според информациите од МВР, на 4 јуни 2026 година, осомничениот во нотарска канцеларија во Кавадарци приложил за заверка фалсификувано свидетелство за завршено основно образование во училиште во Скопје.
Намерата му била заверениот документ потоа да го приложи во автошкола за да може да полага возачки испит.
Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци за „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
