Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло

Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул победи вечерва во трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос и се доближи до освојување на четвртата последователна светска титула во Формула 1.
Верстапен стартуваше од 17 место, но возачот на Ред Бул одлично ги искористи исклучително тешките временски услови за да ја оствари својата прва победа по трката за ГН на Шпанија во јуни оваа година.
Трката се претвори во целосен колапс за единствениот конкурент на Верстапен за титулата Ландо Норис, откако британскиот возач на Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но направи еден куп грешки и на крајот заврши на шестата позиција.
Разликата меѓу Верстапен и Норис во генералниот пласман сега се зголеми на 62 поени во корист на Холанѓанецот на само три трки до крајот на сезоната.
На преостанатите две места на подиумот денеска се искачија Французите Естебан Окон и Пјер Гасли.
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
