-->
-->
Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-->

Возачот на Мерцедес, Италијанецот Кими Антонели ја освои вечерва Големата награда на Мајами, триумфирајќи трета трка едноподруго сезонава во Формула 1.
Второто место го освои актуелниот светски шампион Ландо Норис од Мекларен, а на подиумот се искачи и неговиот тимски колега Оскар Пјастри.
Џорџ Расел од Мерцедес мина четврти низ целта, Макс Верстапен од Ред Бул ја заврши трката на петтото место, додека Шарл Леклер од Ферари во завршницата се соочи со проблеми со болидот и го освои шестото место.
Во генералниот пласман по воведните четири викенди, Антонели води со 100 бодови, Расел е втор со 80 бодови, а Леклер е трет (63).
Следната трка е закажана за 24 мај за Големата награда на Монтреал.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
