„Евровизија 2026“: Израел ќе се натпреварува и покрај бојкотот на противниците

Жрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“ се одржа во Виена вчера, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето на неколку земји.
Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, Италија, Велика Британија и државата-домаќин Австрија автоматски се квалификуваат за финалето.
Новите правила за гласање даваат помала тежина на гласањето на јавноста во полуфиналето отколку во претходните години.
Полуфиналето повторно ќе користи приближно 50 – 50 поделба меѓу гласањето на жири-комисијата и публиката. Жирито, притоа, ќе помогне да се одлучи за 10 учесници во секоја од полуфиналните емисии коишто ќе се пласираат во финалето. Секој гледач може да даде само до 10 гласови, во споредба со до 20-те максимални гласови претходно. Новите правила важат и за финалето.
Годинашниот 70. „Евровизиски натпревар“ во австриската престолнина со месеци беше во сенка на дебатата за учеството на Израел во контекст на неговата двегодишна воена кампања во Појасот Газа. Шпанија, Ирска, Исланд, Холандија и Словенија соопштија дека ќе го бојкотираат овогодишното издание на музичкиот натпревар, во знак на протест.
Пријавите од вкупно 35 земји ќе бидат одредени наредниве недели.
Продажбата на приближно 90.000 влезници за цела недела на натпреварот, треба денеска – на 13 јануари напладне (12:00 часот по Гринич). Оваа година Виена ќе биде трет пат домаќин на „Евросонг“. Музичкиот натпревар ги имаше своите почетоци по Втората светска војна, со цел културен натпревар и разбирање меѓу европските држави и нации.
Ново на Сител
-

Поради влажни коловози и одрони се препорачува внимателно возење во поширокиот дебарски регион
-

Три вида државна матура - гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни
-

Сабаленка: Многу ми значи признанието „Лауреус“
-

Вембањама прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025/26
-

Фернандеш: Нашата цел е да завршиме меѓу првите четири екипи во Премиер лигата
-

Јаневска го чека извештајот од Филозофскиот факултет на УКИМ за нерегуларностите при упис на втор и трет циклус студии
-

Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран
-

До четврток нестабилно време со дожд и утрински температури под нулата
